Меѓународно право 1.Дефиницијата на поимот „суд” содржана во јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права во однос на членот 6 од ЕКЧП, ги содржи следниве три елементи: Независен, непристрасен трибунал, основан со закон.
2.Европскиот суд за човекови права во својата јуриспруденција во однос на членот 6 од ЕКЧП дефинира четири карактеристики на поимот „суд“ што тој треба да ги исполнува: да донесува обврзувачки одлуки, дефинирана надлежност, решавање спорови во согласност со правните норми и прецизни процесни правила 3.Во својата јуриспруденција Европскиот суд за човекови права во однос на членот 6 од ЕКЧП, под судска независност подразбира: слобода за донесување одлуки без влијанија и притисоци од извршната, законодавната власт, или пак од странките 4.При утврдувањето дали постојат гаранции за независност согласно членот 6 од ЕКЧП, Судот во Стразбур како критериум го наметнува: постоењето надворешен впечаток кај објективниот набљудувач кој покажува дека се работи за независен суд 5.Согласно членот 6 од ЕКЧП, независноста на националниот суд Судот во Стразбур ја опсервира: низ призмата на функционалната и личната независност ПОНУДЕНИ - ннн нннннннн нн ннннн ннннннннннн - ннн нннннннн нн нннннннннннн ннннннннннн - ннн нннннннн нн ннннннн нн ннннннн - ннн нннннннн нн нннннннннннннннн - ннн нннннннн нн ннннн н нннннннннннн ннннннннннн
6.Дефиницијата на поимот „непристрасност“ согласно јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права во однос на членот 6 од ЕКЧП ги содржи следниве елементи: субјективен и објективен 1
7.Согласно јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права во однос на членот 6 од ЕКЧП, субјективната непристрасност: се претпоставува дека постои се додека не се докаже спротивното 8.Европскиот суд за човекови права согласно членот 6 од ЕКЧП, непристрасноста ја проверува преку спроведување: субјективен и објективен тест 9.Кои се критериумите за допуштеност за жалба пред Европскиот суд за човекови права од членот 35 став 1 од Европската конвенција за човекови права? да се исцрпени сите домашни правни лекови и жалбата да биде поднесена во рок од 6 месеци од денот на донесувањето на одлуката од највисоката домашна инстанца 10.Кој може да поднесе жалба до ЕСЧП: физички лица, правни лица и држави 11.Кој е надлежен орган за извршување на пресудите на ЕСЧП во РМ? Меѓуресорската комисија за извршување на пресуди и одлуки на ЕСЧП 12.Со колку судии секоја држава членка на Советот на Европа е застапена во Европскиот суд за човекови права? со по еден судија од секоја држава членка 13.На што се однесува членот 2 од ЕКЧП: На правото на живот 14.Што е гарантирано со членот 3 од ЕКЧП: забраната за тортура и деградирачко постапување и однесување мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување 15.Со кој член од Европската конвенција за човекови права е гарантирано правото на судење во разумен рок пред независен и непристрасен суд: со членот 6 од ЕКЧП 16.Согласно Законот за судовите, кој орган во Република Македонија е надлежен да решава за заштита на правото на судење во разумен рок: Врховен суд на РМ 2
17.Согласно членот 43 од ЕКЧП, рокот за жалба до Големиот судски совет изнесува: 3 месеци 18.За што е надлежен да одлучува Европскиот суд за човекови права: за повреда на правата и слободите загарантирани со ЕКЧП 19.Каков статус има Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП: орган во состав на Министерството за правда 20.Во кој член од Европската конвенција за човекови права е пропишано дека „Никој не смее да биде држен во ропство или во ропска зависност„? Во членот 4 од ЕКЧП 21.Со кој член од Европската конвенција за човекови права се гарантира „Правото на почитување на приватниот и семејниот живот“: членот 8 22.Со кој член од ЕКЧП е гарантирано „Правото на едно лице да биде известено на јазикот што го разбира за причините за лишувањето од слобода и за обвиненијата против него“: ЧЛЕН 5 ИЛИ
ЧЛЕН 6???
23.Со членот 13 од ЕКЧП државите имаат обврска: ПРАВО НА ЕФЕКТИВЕН ЛЕК Секој чиј права се повредени ќе има ефективен лек пред домашните органи 24.Правото на сопственост е загарантирано со: член 1 од Протоколот бр.1 од ЕКЧП 25.Кој е еден од критериумите за оценка на разумноста на траењето на домашната судска постапка, според праксата на ЕСЧП: сложеноста на спорот 26.Согласно праксата на ЕСЧП, меѓу постапките кои се сметаат за итни се и: постапките за надомест на нематеријална штета (ИМАЛО НАВЕДЕНО СТОПАНСКИ СПОРОВИ, ИМОТНИ СПОРОВИ, НАДОМЕСТ НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА И СЛИЧНО) 3
и двете ги имало во опција не се знае што како 27.Согласно праксата на ЕСЧП, во парничните постапки, должината на постапката почнува да се смета: Од моментот ( денот) на поднесување на тужбата 28.Во името на Република Македонија, пред Европскиот суд за човекови права истапува: Владиниот агент на Република Македонија И биро за застапување 29.Што е гарантирано со членот 9 од ЕКЧП : слободата на мислење, совест и вера 30. Согласно Законот за извршување на одлуките на ЕСЧП, кој раководи со меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на ЕСЧП: Министер за правда 31.Правилата развиени во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во рамките на членот 1 од Протоколот бр.1 на ЕКЧП кои се користат за определување на природата на попречувањето на правото на сопственост се следниве: (ннннннн нн ннннн ннннннн нн нннннннннннн, ннн нн нннннн ннннннн нн ннннннннн, нннннннннн н ннннннннннн нн ннн; •нннннннн нн нннннннн нн нннннннннннн, ннн нннннннн нннннн: нннн ннн н нн ннннн ннннннн, н ннн нннннн нннннннннн нн ннннн н нн нннннннннннннннннн (нн. ннннннннннннннн), •ннннн нн нннннннн нн нн нннннннннн нннннннннн нн нннннннннннн нннннн нннннннн нннн: ннннннн ннн нннннннннннн нн ннннннн нннннннн, нннннннннннн нн ннннннн нн нннннн н ннннн ннннннннн, ннннннн ннннн ннннннн н ннннннн ннннннн ннннн нннннннн нн нннннннн ннннннн нннннн) одземање на сопственоста, контрола на употребата на сопственоста и правото на мирно уживање на сопственоста 32.Попречувањето на правото од членот 9 на ЕКЧП, може да биде оправдано доколку претставува резултат на преземени мерки: Предвидени со домашниот закон и неопходни во едно демократско општество заради заштита на јавната безбедност, поредокот, здравјето и моралот или заштитата на правата и слободите на други 33.Европскиот Суд за човекови права: е суд кој ги штити човековите слободи и права загарантирани со ЕКЧП
4
-- (ОДЛУЧУВА ЗА ОСНОВАНОСТА И ДОВОЛЕНОСТА НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ ЖАЛБИ) 34.Согласно јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, членот 3 од ЕКЧП ги содржи следниве два аспекта: материјален и процесен 35.Што се подразбира под принципот на еднаквост на оружјата? Еднаква можност да го претстават својот предмет 36.Врховниот суд на РМ при одлучување по барање за заштита на правото на судење во разумен рок: Закон за судови и конвенцијата Комбинацијата е точна Понудено: закон за судови, само според конвенцијата, и закон за судови и конвенција 37.Што значи принципот на субсидијарност на ЕКЧП: Првенствената улога во заштитата на човековите права загарантирани со Конвенцијата им припаѓа на националните органи 38.За што одлучува Европскиот суд за човекови права: -ЗА ПОВРЕДА НА ПРАВАТА ЗАГАРАНТИРАНИ СО КОНВЕНЦИЈАТА -за допуштеноста и основаноста на индивидуалната жалба 39.Како се одвива постапката пред Европскиот суд за човекови права Во две фази: -фаза на допуштеност – фаза на основаност (разгледување на суштината на жалбените наводи) – Се поднесува жалба -Се разгледува жалбата дали е допуштена, недопуштена и дали треба да се симне од листата – По неа одлучува Совет од 7 судии, со пресуда и досудува правичен надомест -Ја доставува до комитетот на министри -Рок од 3 месеци за извршување На крајот, Судскиот совет ќе донесе одлука која што ќе стане конечна само по истекувањето на рокот од три месеци за време на кој жалителот или Владата може да побара упатување на случајот пред Големиот судски совет за истиот да биде одново разгледуван. Доколку 5
барањето за упатување на случајот пред Големиот судски совет е прифатено од страна на Групата од судии на Големиот судски совет, случајот ќе биде одново разгледуван и доколку е неопходно, ќе се оддржи јавна расправа. Пресудата на Големиот судски совет ќе биде конечна 40.Која од наведените мерки е општа мерка за извршување на пресуда на Европскиот суд за човекови права: Измена на законските решенија Општи мерки се збир на систематски мерки, легислативни измени, промена на судската и административната практика и постапувањето на надлежните државни органи, како и сите други мерки што државата ги презема заради ефективно надминување на утврдените системски правни недостатоци, недоволната правна регулираност, како и неусогласеноста на домашната легислатива со одредбите и стандардите на ЕКЧП и другите прифатени меѓународни стандарди и обврски, кои кумулираат повреди на Конвенцијата согласно со образложението и насоките на Судот во донесената пресуда. Општи мерки: 1) измени и дополнувања на законите и другите прописи поради кои настанала утврдената повреда и следење на нивната примена; 2) измени во постапувањето на надлежните субјекти во согласност со закон; 3) обезбедување правна експертиза на законските проекти; 4) стручно оспособување и усовршување на судиите, јавните обвинители, адвокатите, вработените во органите на државната управа, вработените во миграционите служби и други категории на вработени чија работа е поврзана со извршување на законите и другите прописи, а со цел за соодветна примена на Конвенцијата и судската пракса востановена од Судот и 5) други мерки определени во согласност со одлуката на Судот за спречување на повреди на Конвенцијата со цел за отстранување на недостатоците од системски карактер и обезбедување на обесштетување за последиците од повредите, а под надзор на Комитетот на министри на Советот на Европа.
41. Која е целта на општите мерки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права со кои се констатира повреда на Европската конвенција за човекови права: да се превенираат идни исти или слични повреди на ЕКЧП 42.Дали Врховниот суд на Република Македонија има надлежност да констатира повреда на правото на судење во разумен рок ДА (- нн, н ннн нн ннннннн, нннннннн н ннннннннн - нннн нн ннннннн - нннн нн нннннннн н ннннннннн)
43.Дали постапката пред ЕСЧП поведена со индивидуална жалба против државата може да заврши со спогодба: 6
Може да заврши спогодбено, но Европскиот суд за човекови права мора да донесе одлука за спогодбата 44.Кои критериуми ги применува Европскиот суд за човекови права кога одлучува дали попречувањето на правото на слобода на изразување било оправдано или не: Дали попречувањето било во согласност со закон, дали имало легитимна цел и дали попречувањето било неопходно во едно демократско општетсво 45.За кои основи Членот 14 од Европската конвенција за човекови права ја забранува дискриминацијата: пол, раса, боја на кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, род или друг статус 46.Дали во Европскиот суд за човекови права постои можност за издвоени мислења? да, Европскиот суд за човекови права јавно ги објавува издвоените мислења на судиите 47.Судската пракса на Европскиот суд за човекови права е достапна во рамките на базата на податоци на Судот: HUDOC 48.Дали националниот судија во Европскиот суд за човекови права е независен при одлучувањето? да, целосно е независен 49.Европскиот суд за човекови права одлучува со: со просто мнозинство (Имаше квалификувано мнозинство, консензус, едногласно и една опција што не го содржеше зборот мнозинство во себе) носе одлука и пресуда 50.Европскиот суд за човекови права е орган на: Советот на Европа 51.
Која од наведените изјави е точна?
52.Кој ги избира судиите во Европскиот суд за човекови права? Парламентарното собрание на Советот на Европа 7
53.Како одлучува Европскиот суд за човекови права согласно Протоколот 14? како судија поединец, комитет (одбор) од тројца судии, совет од 7 судии и совет од 17 судии 54.Колку протоколи има Европската Конвенција за човекови права? 14 кои се стапени во сила и уште два кои не се стапени во сила 55.Во кој член од Европската конвенција за човекови права е утврдена забраната за дискриминација? членот 14 и Протоколот бр. 12 56.Правата предвидени и загарантирани со ЕКЧП: нн ннннннн ннннн ннн нннннн ннннннннннн нннн нн нн ннннннн, н нннн н ннннн... нн ннннннн ннннн ннн нн ннннннннн нннн нннннн нннннн нн нннн, ннн нннн нн нннн н ннннннн нннн нн ннннннн нн нннннн
57.Согласно Протоколот бр. 13 на ЕКЧП, смртната казна е забранета: да, во сите држави членки на Советот на Европа 58.Согласно јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права во однос на членот 10 од ЕКЧП (слобода на изразување), прагот на толеранција во однос на критиките: Носители на јавни функции треба да имаат повисок праг на толеранција 59.„Маргина на уважување“ (“margin of appreciation”) значи: определен простор на дискреција, што е предмет на надзор од страна на ЕСЧП, при преземањето на законодавни, административни или судски мерки од страна на државата во областа на правата загарантирани со ЕКЧП 60.Кој член од Европската конвенција за човекови права е повреден ако не биде укажана неопходна медицинска грижа на притворено лице? членот 3 од ЕКЧП 61.Дали Европскиот суд за човекови права, во постапката по жалба, може да сослушува сведоци? Да, но оваа можност се користи само во исклучителни случаи 62.Патувате од Франција во Германија. Благодарение на кој договор државната граница ја поминувате без покажување пасош? 8
Шенгенскиот договор 63.Со кој договор е создадена Европската економска заедница? Договорот од Рим
(понудено Рим и Париз)
64.Кој договор можеме да го сметаме како прв чекор за Европската економска интеграција? Договорот за основање на европската заедница за јаглен и челик (париз) 65.Согласно Договорот на Европската унија од 1992 година (Договорот од Мастрихт), Европската унија ја имаше следната структура: Три столба А)Европска заедница ( прв столб) Б)Заедничка надворешна и безбедносна политика ( втор столб) В)Соработка во сферата на правдата и внатрешните работи ( трет столб) – Полициска и судска соработка во кривични работи и правда и внатрешни работи
66.Како го објаснувате значењето на поимот „ACQUIS COMMUNITAIRE“? Законодавството на Европска унија (целокупно постоечко право) 67.Вкупниот број пратеници на Европскиот парламент изнесува: 751 68.Изборите во Европскиот парламент: се оддржуваат истовремено во секоја држава членка на Европска унија на секои 5 години, независно од локалните и парламентарните избори во државата членка 69.Кои се основните функции на Европскиот парламент? Законодавно-буџетска и контролна 70.Во рамките на Европска унија, Советот е составен од: Само министри -министри на земјите членки на ЕУ, во зависност од областа за која се дискутира -Комитет на постојани претставници (КОРЕПЕР) и Генерален секретарија 9
71.Во рамките на Европска унија, Судот на правдата е составен од: по еден судија од секоја држава членка три судови (правда, првостепен и трибунал ЗА ЈАВНА СЛУЖБА) 72.Во рамките на Европска унија, работата на Судот на правдата ја помагаат: генерални адвокати 73.Во рамките на Европската унија, користењето на надлежностите на Унијата се регулира со начелата на: супсидијарност и пропорционалност 74.Во рамките на Европската унија, според начелото на пропорционалност: содржината и обликот на дејствување на Унијата нема да ги надминат границите на она што е потребно за остварување на целите од Договорите 75.Во рамките на Европската унија, согласно начелото на супсидијарност: во во областите кои не спаѓаат во рамките на нејзините ексклузивни надлежности, Унијата постапува само и доколку целите на предложената активност не можат доволно да се остварат од страна на земјите-членки, на централно или регионално или локално ниво, туку поради нивото или ефектите од предложената активност можат подобро да се остварат на ниво на Унијата 76.Во рамките на Европската унија, договорите се применуваат директно од државите членки: да тие се дел од правниот систем од државите членки 77.Регулативите се: директно применливи И ЦЕЛОСНООБВРЗУВАЧКИ 78.Директивитите: ги транспонираат(ТРАСИРААТ) државите членки ??? 79.Во рамките на Европската унија, редовната (вообичаената) законодавна постапка подразбира дека законодавството е усвоено од:
10
Европскиот парламент и Советот на ЕУ 80.Принципите директен и индиректен ефект: нн нн ннннннн нн нннннннн
се составен дел од Лисабонски договор??? 81.Држава членка на Советот на Европа е одговорна за секоја одлука на националниот суд со која се повредува Европската конвенција за човекови права: да
82.Повелбата за фундаменталните права на Европската унија е дел од: Договорот од Лисабон нннннннннн нн ннннннн (пппппппппп ппппппппппппп ) - нн нннннн нннн ннн ннн нн ннннннн нннннннн ннннннннннннн нннннннннн нн ннннннннн.
83.Каков правен статус има Повелбата за фундаментални права на Европската унија? статус на договор на Европска унија (примарно законодавство) 84.Дали може против Европска унија да се поднесе тужба пред Европскиот суд за човекови права поради повреда на Европската конвенција за човекови права? не 85.Кои се основите поради кои државите членки на Европската унија можат да ги ограничат правата на движење на граѓаните? јавна политика, јавна безбедност или јавно здравје 86.Согласно правото на Европската унија, во кои случаи можат да се дерогираат слободата на основање или правото на давање услуги? јавна политика (ЈАВЕН ПОРЕДОК) , јавна безбедност или јавно здравје, 87.Кој е примарен индикатор за доминација за релевантен (одреден) пазар? Висок степен на профитабилност (удел на пазарот)?? 88.Колку држави членки има Европската унија? 28 11
89.По Договорот од Лисабон, на колку столбови се темели Европската унија? На еден (опција ниеден) 90.Каде се наоѓа седиштето на Судот на правдата на Европската унија? Луксембург 91.Каде се наоѓа седиштето на Европската централна банка? Франкфурт 92.Кои критериуми се применуваат за прием во Европска унија? Копенхагенските критериуми 93.Институции воспоставени за следење на имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација се: -Советот за стабилизација и за асоцијација, Комитетот за стабилизација и за асоцијација и Заедничкиот парламентарен комитет за стабилизација и за асоцијација (специјална група за следење на реформите на јавната администрација)
94.Во согласност со Договорот од Лисабон (член 13 од ДЕУ), органи на Европската унија се: Европски Парламент Совет на министри или само Совет Европски совет Европската Комисија Судот на правдата Европската централна банка Судот на ревизори (најдолгиот одговор)
95.Под Копенхагенски критериуми, усвоени во 1993 година на Европскиот самит во Копенхаген, се подразбира:
12
Демократија и владеење на правото, почитување на човековите права и слободи, почитување на правата на малцинствата, постоење/функционирање на пазарна економија и постоење на административен капацитет за имплементација на acquis 96.Во колку поглавја е поделено правото на Европската унија според скрининг структурата? 35 97.Acquis communautaire е составено од: Примарно законодавство, секундарно законодавство, судски одлуки, договори склучени со трети земји и конвенции меѓу земјите членки 98.Секундарното законодавство на ЕУ го сочинуваат: Регулативи, директиви, одлуки, препораки, мислења и меѓународни договори со кои се уредуваат меѓусебните односи меѓу ЕУ и други меѓународни организации или трети држави (точен најдолгиот одговор) 99.Претседателот на Европската комисија е избран од страна на: Европски Парламент по предлог од Европскиот Совет 100.Во рамките на Европската унија, Економско-социјалниот комитет и Комитетот на регионите имаат: советодавна функција СОВЕТОДАВНА УЛОГА Советодавен орган
13